Вучиќ: Наскоро првиот договор со ОАЕ за набавка на „самоубиствени“ дронови
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Србија во рок од 48 часа ќе го потпише првиот договор со Обединетите Арапски Емирати за набавка на т.н. самоубиствени дронови од таа земја.
Вучиќ додаде дека „се надева“ дека за пет до шест месеци првите српски самоубиствени беспилотни летала ќе пристигнат во српските вооружени сили.
- Во рок од 48 часа ќе го потпишеме првиот договор со ОАЕ за купување на нивните самоубиствени беспилотни летала и тие многу брзо ќе бидат на територијата на Србија, рече Вучиќ на IDEX, саем за оружје и воена опрема што се одржува во Абу Даби.
Таканеречените „самоубиствени“ дронови се мали и преносливи беспилотни леталакои носат боеви глави и детонираат при удар.
Вучиќ додаде дека во наредните денови очекува ескалација на конфликтот во Украина, што, според него, уште повеќе ќе ја отежне позицијата на Србија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
-

Левица со законски решенија за подобрување на работничките права
