Вучиќ му одговори на Бајден: Меѓусебно признавање со Косово не стои во ниту еден акт
Српскиот претседател Александар Вучиќ му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за честитката за Денот на државноста на Србија, во која покрај останатото тој недвосмислено повика на меѓусебно признавање на Србија и Косово, порачувајќи дека веќе еднаш кажал во Вашингтон што мисли за признавањето и дека неговиот одговор нема да биде поинаков.
-Добив честитка од претседателот Бајден. Ви благодариме за честитките. А што се однесува до меѓусебното признавање, тоа не е наведено во актот на ниедна светска организација. Ние разбираме дека ова е нова американска политика. Имаше обид тој термин да се наметне како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение во Вашингтон. Јас веќе еднаш кажав во лице што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде поинаков, изјави Вучиќ.
-Што јас би можел да им упатам за 4 јули? Многу идеи ми паѓаат на ум. За нас денешниот празник Сретение господово е важен датум, почнавме и направивме многу за Сретение господово, затоа тоа е поважно за нас отколку американските и албанските желби, кажа Вучиќ.
Тој оцени да „сето тоа не е пријатно затоа што е јасно дека целата американска администрација ќе оди во таа насока, но гледам дека тие не брзаат да ги забрзаат Албанците да ги исполнат своите обврски.“
-И верувајте ми, ќе имав многу да ви одговорам, но тоа на нашата земја не би и донесло голема среќа, истакна Вучиќ.
Тој исто така, оцени дека „работите се комплицираат“ околу Косово и Република Српска.
Коментирајќи ја изјавата на поранешниот косовски премиер и лидер на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, за обединување на сите Албанци, Вучиќ кажа дека Харадинај е „многу опасен човек“ кој не лаже кога зборува за обединувањето на Косово и Албанија.
-Харадинај е сериозен политичар и многу опасен човек, во секоја смисла. Премногу сум мал за да можам да им се спротивставам на сите во соседството или на најголемата светска сила која од нас бара меѓусебно признавање, но доволно сум голем за да не учествувам во понижувањето на сопствениот народ или уривањето на сопствената држава, кажа Вучиќ.
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух