Вучиќ: Можни се предвремени парламентарни избори во Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е исклучена можноста во Србија да се организираат предвремени парламентарни избори во текот на 2018 година, доколку опозицијата изнесе релевантни причини за нивно спроведување.
- Слушам дека некои бараат избори и доколку инсистираат на тоа, нема да бегам од соочување. Не ги исклучувам изборите ако опозицијата изнесе релевантни причини, можно е да ги има, изјави Вучиќ во интервју за денешниот број на „Вечерње новости“.
Вучиќ нагласи дека е „многу задоволен“ од работата на Владата на неговата наследничка на премиерската функција Ана Брнабиќ.
- Зголемувањето на платите и пензиите е значително, а ако бидеме дисциплинирани, ќе има и нови покачувања во иднина, изјави српскиот претседател.
Тој додаде дека е „помалку тажен“ поради фактот што „многу медиуми и дел од јавноста се обидуваат да ги омаловажат дури и најдобрите резултати“ на српската Влада.
Вучиќ во интервјуто нагласи и дека суштината на политиката за која се залага е независна Србија, додавајќи дека додека тој ја предводи земјата нема да дозволи мешање на странците.
- Суштината на политиката за која се залагам е независна Србија. Независна не само во своите граници, туку пред се во одлучувањето и грижата за својот народ. Ако тоа не може некој да го разбере, тогаш тоа е негов проблем, истакна Вучиќ.
Шефот на српската држава порача дека ќе води „единствена, српска политика во која странците нема да се мешаат додека е тој на власт“.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови