Вучиќ: Малкумина во светот знаат кои се границите на Србија, а кои на Косово
- Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Белград ги прими заменикот на претседателот на фракцијата ЦДЅ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, пратеникот Јохан Вадефул и советникот за надворешни работи на оваа фракција Ханс-Јоаким Фаленски.
На средбата, како што соопштија од кабинетот на Вучиќ, пратеникот Вадефул меѓу останатото ја истакнал позицијата на Германија во врска со промената на границите, која ја има дефинирано канцеларката Ангела Меркел, поддржувајќи ја притоа подготвеноста на Белград и Приштина за продолжување на дијалогот и нормализација на односите.
Вучиќ на состанокот им пренел на германските преставници дека „малку кој во светот со сигурност знае кои се границите на Србија, а кои на Косово“, порачувајќи дека поради мирната иднина на Србија и на целиот регион, работи на постигнување на компромисно решение за Косово, кое би ги заштитило српските државни и национални интереси.
- Вучиќ посебно го истакна значењето на Берлинскиот процес, кој го има иницирано канцеларката Ангела Меркел, за мир и стабилноста на Западниот Балкан, се наведува во соопштението на Кабинетот на српскиот претседател.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице