Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
Претседателот Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста во врска со инцидентот во Зубин Поток и актуелната ситуација на Косово изјави дека вчера се случил обид за голем хибриден напад врз Србија, во кој се обвинети Белград и Србија дека стојат зад експлозијата кај Зубина Поток, иако Белград и Србија немаат никаква врска со тие настани.
-Како сериозна држава не се занимававме со обвинувањата, нема да кажам дека нападот е директно нарачан од Курти, истрагата ќе покаже, имаме одредени сомнежи. Мислиме дека имаме одредени информации и кој би можел да биде извршителот, истакна српскиот претседател.
Како што рече, надлежните институции во Белград ќе продолжат да работат на истрагата, а дотогаш нема да ја информираат јавноста за напредокот на истрагата.
Вучиќ рече и дека властите во Белград, во согласност со Бриселскиот договор, се подготвени за соработка не само со ЕУЛЕКС и КФОР, туку и со Приштина.
Претседателот на Србија наведе дека Белград немал интерес да предизвика било каква штета на каналот Ибар-Лепенец, и дека доволна била само административна одлука за да се пренасочи течението на реката Ибар со што би се оневозможило водоснабдување на езерото Газиводе.
Една од причините за експлозијата, според Вучиќ, е запирањето на европскиот пат на Србија бидејќи во среда ќе се донесе одлука за отворање на Кластерот 3 во пристапните преговори. Причината, според Вучиќ, е поврзана и со тоа што на 12 декември се заклучуваат листите за изборите што ќе се одржат во февруари на Косово и Српската листа да се обвини за тероризам и со тоа да бидат дисквалификувани од изборната трка, со цел да се отвори простор за српските партии кои се под контрола на Приштина.
Четвртата причина, според Вучиќ, е поврзана со „личен изборен инженеринг“, бидејќи Курти секогаш кога ќе му падне рејтингот посегнува по обвинувања против Белград.
-Ги поканив американските партнери да ги проверат сателитските снимки. Ние во Белград водиме истрага и собравме информации за некои лица и прашувавме каде биле. Наш најголем интерес е да ја дознаеме вистината. Длабоко жалам за соопштенеито на Борел, изјави Вучиќ и порача дека Србија е подготвена да им помогне на Приштина, ЕУЛЕКС и КФОР во истрагата.
Ново на Сител
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск
-
Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
-
Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
-
На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица
-
Манчестер јунајтед заинтересиран за Јилдиз
-
Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин
-
Градоначалникот на Белград најавува повлекување од политиката