Вучиќ и Вучевиќ ќе добијат кривична пријава за лажно пријавување и попречување на правдата

По кривичната пријава, која денеска ја поднесе градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на Српска напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, со цел да се открие вистината за аферата со која изминатите денови се поврзуваа шефот на државата Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј околу плантажата за марихуана на фармата „Јовањица“, Вучиќ и Вучевиќ од опозицијата ќе добијат кривична пријава за лажно пријавување и попречување на правдата.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, потпретседателот на Народната партија (НС) и пратеник во собранието, Мирослав Алексиќ, кој со денови ја обвинува власта за поврзност во аферата, преку соопштение изјави дека тој решил да поднесе кривична пријава против Вучиќ и Вучевиќ затоа што тие ја одбиле неговата понуда да им помогне во составувањето на кривична пријава, така што тој би ги навел сите докази за случајот „Јовањица“, како и поради тоа што обвинителството со недели не одговара на повикот на Алексиќ да ги објави одговорите на сите прашања што тој ги поставил за аферата.
– Очевидно, фарсата на поднесување кривична пријава на Вучевиќ против Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј, односно режимот против самиот себе, служи само за да ја опструира правдата и за медиумска манипулација и за залудување на граѓаните. Ова е најсилниот удар досега врз правосудството, кој СНС режимот потполно го има понижено, оцени Алексиќ.
При поднесувањето на кривичната пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј Вучиќ за случајот „Јовањица“, Вучевиќ пред новинарите изјави дека го сторил тоа како граѓанин, дека не ја навел квалификацијата на кривичното дело, како и дека пријавата ги содржи хронолошки сите изјави и наводи на одделни политичари во медиумите и на социјалните мрежи.
Вучевиќ објасни дека ова се информации кои што ја вознемирија јавноста и не можат да остават никого рамнодушен, а српските граѓани треба да ја дознаат вистината.
Од друга страна, Алексиќ изјави дека „очекува Вучевиќ веднаш да биде уапсен, исто како што беше уапсен вчера и лажниот клиент на Мегатренд универзитетот, Дејан Ѓорѓевиќ, кој лажно пријави дека бил нападнат од непознати лица и бил ограбен“.
Како што јави дописникот на МИА, деновиве во Србија власта и опозицијата се обвинуваат за повеќе афери и скандали, од аферата „Јовањица“, преку фабриката за оружје Крушик и поврзаност со таткото на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, продажбата на Мегатренд, лажниот докторат на министерот за финасии Синиша Мали, шпионската афера и друго.
Ново на Сител
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
