Вучиќ: Бојкот на изборите е избор на опозицијата, но не постои начин за изборна кражба

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска реагираше на најавите за можноста од бојкот на изборите на пролет следната година, изјавувајќи дека опозицијата сама ќе одлучи дали ќе оди на бојкот, но тој може да гарантира дека не постои начин да се случи изборна кражба и дека е подготвен да овозожи тоа да го потврдат меѓународните институции.
Во интервју за ТВ Прва, Вучиќ истакна дека од 15 лица на избирачко место, 10 ја претставуваат опозицијата и дека не е можно да се дојде до изборни манипулации ниту на самото гласачко место, ниту по гласањето.
– Што се однесува до бојкотот, тоа е нивен избор. Ние повикуваме да се провери гласачкиот список … Не постои начин да се украдат изборите … Апсолутно тоа ќе го гарантирам, но ќе ги повикаме меѓународните институции да ја завршат оваа приказна еднаш, рече Вучиќ.
Коментирајќи ги обвиненијата на опозицијата за медиумската ситуација, Вучиќ нагласи дека ова е главниот приговор на опозицијата, но дека немаат проблем со тоа кога кампања против него се води во опозициските медиуми 24 часа дневно.
Вучиќ рече дека зад анонимниот профил од кој е упатена смртна закана за неговиот син и се изречени закани за силување на неговата ќерка, не стои психопат, туку станува збор за политичка омраза.
За атмосферата на насилството во општеството, претседателот Вучиќ ги обвини лидерите на Сојузот за Србија (СзС), кои и се закануваа на премиерката Ана Брнабиќ и упаѓаа во РТС.
Тој додаде дека опозицијата не сака да го пофали новиот автопат преку Грделичка клисура, а со денови ја споделува сликата за „една линија на напукнат асфалт“, што е веќе поправено.
Вучиќ изјави дека комесарот на ЕУ Јоханес Хан сака да се продолжат разговорите меѓу Белград и Приштина, но на ЕУ не и е грижа зошто нема дијалог се додека не дојде до конфликт во Косово.
– Некој тука не е апсолутно искрен, а кој е тоа, гласачите сами нека заклучат, истакна Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Прва.
Тој додаде дека не знае дали ќе дојде до продолжување на дијалогот до крајот на годината, но верува дека Србија ќе излезе од тоа на најдобар начин.
Ново на Сител
-

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност
-

Газда Деко добивал информации за рации во дискотеката, комуницирал со инспектори, полицајци, вработени во Економија
-

Девет лица фатени како пијани управуваат пловни објекти на Охридското Езеро
-

Зеленски повика на „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, откако Русија изврши нови напади врз Киев
-

Уапсен 16-годишник од Тетово, крадел по цркви и џамии
-

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
-

СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико
