Вучевиќ: Доколку Курти испрати полицајци во северно Косово ќе има несогледливи последици
Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека обезбедувањето мир на Косово е „обврска на КФОР, а нивна процена е колку жива сила и оружје се потребни за тоа“, јави дописникот на МИА од Белград.
– Гледаме на КФОР како фактор кој мора да ја заштити и гарантира безбедноста на сите граѓани во покраината. Посебно сега, по повлекувањето на Србите од институциите во покраината, да не му се дозволи на (Албин) Курти да испрати полицајци од албанска националност од југ да ги заменат српските полицајци. Тоа би бил пат со несогледливи последици, истакна Вучевиќ за „Вечерње новости“.
Шефот на ЕУЛЕКС на Косово, Ларс Гунар Вигемарк, изјави дека „во моментов, седум земји-членки на Европска Унија се подготвени да придонесат и да се приклучат на патролите на ЕУЛЕКС во северниот дел на Косово.“
– Во саботата имавме средба со командантот на КФОР, министерот (Џељал) Свечља и вршителот на должноста директор на полицијата, изјави Вигемарк за Кљан Косова.
Тој изјави и дека добил писмено барање од косовската полиција да продолжат да бидат на терен и да ја следат ситуацијата, особено во северниот дел на Косово. Вигемарк посочи дека пред два дена од Италија пристигнале 23 карабинери, а се очекуваат припадници на жандармеријата од најмалку уште две земји како дел од Европската полиција.
– Минатата недела веќе додадовме сили на теренот, а вчера ја засиливме единицата, рече Вигемарк, наведувајќи дека ситуацијата на теренот моментално е мирна.
Ново на Сител
-

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното
-

НБА ги објави почетните состави за натпреварот на ѕвездите
-

Приведени четири возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди
-

Пиштол пронајден во „шкода“ на територија на Кисела Вода, приведен 37-годишен скопјанец | ФОТО
-

Куманово: Во 1 по полноќ влегле во кафана бидејќи сакале да пијат алкохол, газдата не им дозволил па го истепале
-

Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
-

Стручно мислење: Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот
-

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година
