Македонија
30. September 2015 - 8:27

Вториот караван на Саеми за вработување почнува во Прилеп

Од Прилеп денеска стартува септемврискиот втор по ред караван на Саеми за вработување низ државата, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

На саемот на граѓаните ќе им биде овозможено преку модерен и интерактивен пристап да стапат во контакт со многубројни и можни идни работодавачи.

На отворањето на новиот караван за саемите за вработување, ќе се обрати Влатко Попоски, директор на Агенцијата за вработување, и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески. Излагања и презентации, како што е најавено, ќе имаат и дел од компаниите учеснички.