Втората средба на Трамп и Путин закажана за утре
Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп утре ќе ја имаат својата втора средба, која е предвидено да се одржи на маргините на Самитот на Организацијата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Виетнам.
Портставник на Кремљ изјави дека се договара точниот термин за средбата.
Самитот се одржува во виетнамскиот град Дананг, а на него се очекува, меѓу другите, да присуствуваат и лидерите на Кина, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Малезија, Мексико и Филипините.
Претходно, како пто јави МИА, портпаролот на Путин, Димитриј Песков изјави дека средбата ќе биде можност за разговор по најважните светски прашања, како што е кризата околу севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.
Трамп и Путин својата прва средба ја имаа на самитот на групата Г-20 во Германија
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“