Втората меѓународна конференција „Жени во енергетика 2018“
Во организација на Инженерската институција на Македонија и ЕВН Македонија денеска во Скопје ќе се одржи втората меѓународна конференција „Жени во енергетика 2018”.
Оваа конференција има цел да ја подигне свеста за важноста на родовата рамнотежа во бизнис заедницата, идентификувајќи стратегии и програми за еднакви можности во енергетскиот сектор. Еден дел од конференцијата ќе биде посветен на образованието на студентите во енергетиката и нивните можности по дипломирањето.
Програмата на конференцијата вклучува воведни предавања од странски експерти, панел сесии, интерактивни дискусии и работилници.
На конференцијата најавени се обраќања на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
На конференцијата ќе учествуваат експерти, претставници од универзитети, бизнис заедницата, меѓународни и регионални организации, државни институции и професионални организации од 12 земји членки на Централно Европската Иницијатива, кои што работат во енергетскиот сектор. Исто така е планирано да се иницира воспоставување платформа за родова еднаквост во науката, технологиите, инженерството и математиката во ЦЕИ регионот.
Ново на Сител
-
Во Белград пронајдено исчезнато дете откако бил активиран системот „Пронајди ме“
-
Земјотрес од 7,4 по Рихтер во близина на Вануату
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Зелениково и Чучер Сандево
-
Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес
-
Петнаесетгодишно девојче застрела две лица во приватно училиште во САД, а потоа изврши самоубиство
-
Најмалку 100.000 луѓе се погребани во масовна гробница во близина на Дамаск, соопшти невладина организација
-
Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ, најавува холандскиот шеф на дипломатијата
-
Претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност