-->
-->
Втора жртва во шумските пожари во Калифорнија
-->

Како што соопшти Одделот за противпожарна заштита на Калифорнија, пожарникарот од градот Рединг загинал при акцијата за гаснење на пожар во округот Шаста.
Тој е втора жртва на пожарите во северна Калифорнија, откако вчера загина и еден возач на булдожер кој учествувал во справувањето со огнената стихија.
Според податоците на Одделот за противпожарна заштита, пожарите досега уништиле 65 објекти, а околу 500 други се во опсаност да бидат зафатени од огнот.
Најголем е пожарот во реонот на Рединг, кој се шири брзо поради сувото време и силните ветрови. Пожарот избувна во понеделникот и до денеска зафати површина од 70 квадратни милји (180 километри квадратни).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули
-
Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него
-
Десеттина пелагониски села без вода
-
Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО
-
Конференција „Финансиска отчетност на изборите“ во организација на ДЗР
-
Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина
-
На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути
-
Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд и грмежи