Втора тв дебата меѓу републиканските претенденти за Белата куќа
Во втората телевизиска дебата меѓу републиканските претенденти за Белата куќа, милијардерот Доналд Трамп беше критикуван поради неговото мало искуство во политиката.
Тој, меѓутоа, ги повика Американците да му поверуваат дека ќе ја врати големината на САД.
На втората средба пред првичните избори во Републиканската партија беа поканети 11 кандидати да говорат во претседателската библиотека Роналд Реган во Калифорнија.
Поранешната извршна директорка на Хјулит Пакард, Карли Фиорина, единствена жена меѓу републиканските претенденти, ги коментираше изјавите на Трамп, изјавувајќи: „Сите жени во земјата јасно слушнаа многу од тоа, што тој го кажа“. Трамп на тоа одговори; „Мислам дека таа е убава жена“.
На прашањето, поврзано со Русија, сенаторот од Флорида Марко Рубио рече дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ги помести САД како прва сила на Блискиот Исток, а неговиот американски колега Барак Обама му дозволува тоа да го прави.
За темата за нуклеарниот договор со Иран, сенаторот Тед Круз се закани да го искине на парчиња „тој катастрофален договор“.
Сенаторот од Кентаки Ранд Пол рече дека ќе биде многу загрижен, ако Трамп биде одговорен за американскиот нуклеарен арсенал, имајќи предвид колку невнимателни изјави прави. - Сакаме ли некој со таков речник, и карактер, да преговара со Путин?, праша тој.
Ново на Сител
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР