Македонија
6. јуни 2017 - 13:19

Втора седница на Владата

Владата на Република Македонија денеска во 12 часот ќе одржи втора седница.

Вчера, на  првата седница, меѓу останато, беа формирани работни тела и избрани генерален секретар и определени заменици претседатели на Владата.

На седницата, како што соопшти владината служба за информирање, е изразена заедничка согласност за посветена и ефикасна работа на членовите, во интерес на потребите на граѓаните и на државните интереси на Република Македонија, низ добра соработка и меѓусебно почитување.