Македонија
21. October 2015 - 8:53

Втора REEL ROCК филмска турнеја во Скопје

Десетото издание на традиционалната REEL ROCК филмска турнеја, со светски најдобрите и најгледани алпинистички филмови вечер премиерно ќе биде прикажана во кино Фросина во Младинскиот културен центар.

Ова е втора година на претставување на REEL ROCК во Скопје, кој годинава одбележува 10 години. Фестивалот ќе понуди програма од пет документарни филмови за најголемите случувања и достигнувања во глобалниот качувачки свет. Покрај различните презентации, доделување на награди, присуството на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувања, ќе бидат прикажани и два локални филма за достигнувањата на локалната качувачка сцена.

Основани во 2006 година од страна на Џош Ловел (Big UP Productions) и Питер Мортимер (Sender Films), REEL ROCК проекциите ги прикажуваат најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот и се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм.

Десеттата по ред REEL ROCK филмска турнеја, започна на 17-ти септември во Болдер, Колорадо и ќе трае се до крајот на 2015 година. Оваа година со јубилејното REEL ROCK 10, Скопје заедно со уште 450 градови низ светот, повторно ќе ја има несекојдневната можност да ја гледа премиерата на најновото издание на REEL ROCK и ќе добие уште една доза од најголемите аутдор и качувачки достигнувања, од најзначајните и најискусните качувачи како што се Дин Потер, Томи Колдвел, Алекс Хонолд, Џими Веб, Даниел Вудс и Кевин Јоргесон.

Настанот е во организација на Solis и SkiMacedonia со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје.