Втора победа на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот
Македонската женска тениска репрезентација ја забележа втората победа во рамки на Третата Европска зона во Били Џин Кинг Купот, откако попладнево во Скопје беше поуспешна од Азербејџан со максимални 3-0.
По вчерашната стартна победа против Албанија со идентичен резултат, триумфот против Азербејџан беше заверен по двата сингл натпревари во кои Александра Симева ја победи Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (6-1, 6-1), додека Магдалена Стоилковска беше убедлива против Лала Еивазова со 2-0 во сетови без загубен гем.
Печат на победата ставија младите македонски тенисерки Ива Данева и Ана Митевска со победата во двојки над Сулејманова/Еивазова со 6-0, 6-0 за 31 минута игра.
Утре во дуелот од третото коло македонските тенисерки ќе играат против првиот носител од Б групата, селекцијата на Финска.
Ново на Сител
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Туфегчиќ: Јас бранам потполно невин човек
-
Просечната нето плата во јули 40.961 денар
-
Таравари: Не знам дали е непотизам, но не може да му забраниме на директорот да земе советник
-
Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта
-
Во главата на Вања било пукано преку перниче
-
Судот го одби барањето за исклучување на јавноста
-
Палчо: Наместо да го плаче детето тој е наместен, јас не го познавам Ѓорчевски