Втора јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот
На Универзитетот ФОН попладенво се одржува втората од петте јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани.
Говорници ќе бидат премиерот Зоран заев, ректорот на Универзитетот Нано Ружин, универзитетскиот професор Темелко Ристовски, а воведничар е деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче.
Првата од серијата дебати за уставните измени се одржа вчера во Владата, а беа презентирани повеќе предлози и забелешки од страна на експертите од научната јавност и невладиниот сектор.
Премиерот Заев истакна дека постои отвореност и позитивни размислувања за прифаќање на одредени предлози изнесени на собраниската Комисија и на пленараната седница. Повтори дека амандманите нема да станат дел од Уставот доколку Грција не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.
Според Заев, се повеќе граѓани го прифаќаат овој процес, но треба да им се објасни што после промената на името.
По пет дена Владата ќе треба да достави Извештај од јавната расправа до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција

