Втора дезинсекција на територија на Штип
Општина Штип утре ќе ја реализира втората дезинсекција. Портпаролот на Општината Драган Ристов на денешната прес-конференција информираше дека Општината, преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 00 до 06 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
- Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети, вели Ристов.
Во случај на неповолни временски услови (ветер, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Пчеларите навремено треба да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода