Втор случај на дете во градинка заразено со Ковид 19, Владата останува на ставот родителите да се вратат на работа
Втор случај на Ковид-19 на дете во градинка вчера беше регистриран во нашата држава. Се работи за дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“. Детето не било носено во градинката од понеделникот, а вирусот го добило од член на семејството.
-Преземени се сите мерки за ширење на вирусот, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се изолирани, изјави вчера директорот на градинката Васил Бубев.
Пред три дена, скопската градинка „13 Ноември“ во општина Центар, го пријави првиот случај на заразено 15-месечно дете. И во овој случај, децата кои биле во група со заразеното дете беа ставени во домашна изолација.
Од отворањето на градинките на 9 септември, за десет дена има две заразени деца, по едно во Скопје и Струмица, и воспитувачки од Свети Николе и Битола.
Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство вчера излегоа на протест пред Владата. Бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, а според нив во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца. Петицијата ја потпишале 3.325 мајки.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче синоќа во Владата остварија средба со дел од родителите, кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство, а кои реагираа на владинаѕа одлуката на на 23 септември сите родители на деца од 0 до 6 години да се вратат на своите работни места, поради тоа што градинките стартуваа со работа на 9 септември.
Министрите истакнале дека одлуката е донесена врз основа на сериозна анализа за безбедноста на децата во градинките, во консултација со Комисијата за заразни болести, како и врз основа на информациите дека во јавните установи за згрижување и воспитување на децата целосно се почитува Протоколот за активности во установите кој на минимум го сведува ризикот од ширење на КОВИД-19.
Владата вчера излезе и со реакција во која наведува дека будно ја следи состојбата во градинките и оти нема место за паника. Таа останува на одлуката родителите на децата до шестгодишна возраст и оние кои беа на продолжено породилно боледување да се вратат на работа на 23 септември.
Владата потенцира дека внимателно ја следи состојбата на терен и во зависност од потребата ќе носи одлуки што се во интерес на граѓаните и на државата.
Нови 186 позитивни на коронавирус од 1674 тестирања вчера беа регистрирани од Министерството за здравство. Седум починати и 85 оздравени, е билансот од претходното деноноќие.
Вчера беа регистрирани тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г), еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје активни 564, Куманово -215, Тетово – 134, Прилеп-119, Штип- 72, Струга – 65, Битола – 57, Гостивар – 94, Гевгелија активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица – 77, Кочани – 76, Делчево – 75 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица). Во другите градови активни се под 50 лица.
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во Скопје најмногу активни случаи има во општина Аеродром – 83, Центар – 82, Гази Баба – 75, Карпош – 71, Кисела Вода и Чаир по 52, Бутел – 33, Ѓорче Петров – 28, Сарај – 17, Шуто Оризари – 14, Илинден – 12. Во другите општини има помалку од 10.
Под мотото „Безбедни здравствени работници, безбедни пациенти“, вчера беше одбележан 17 септември – Светски ден посветен на безбедноста на пациентите. Светската здравствена организација оваа година акцентот го става и на безбедноста на здравствените работници, кои се во првите борбени редови во справувањето со вирусот КОВИД-19, како еден од најголемите здравствени предизвици со кои се соочува светот.
-Со заштитата на здравствените работници се штитат и пациенти кои се во контакт со нив, истакнуваат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот
-
Планирале напади за новогодишните и божиќните празници, притвор за 4 лица кои создале терористичка организација
-
Обвинение за убиството кај „Мавровка“, го убил од користољубие, пукал и кон полицијата во обид да избега
-
Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
-
Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
-
Агелер без коментар за чекорите на Обвинителството по американското јавно назначување на функционери за корупција
-
Груби за Косово заминал со дипломатско возило непосредно пред полициската акција
-
На Самитот ЕУ-Западен Балкан нема да се разговара за уставните измени, посочуваат извори од Европскиот совет