Втор круг од претседателските избори во Австрија

Австријците денеска ќе гласаат на вториот круг од претседателските избори. Во првиот круг кандидатот на антиисламиската и евроскептичната Слободарска партија, Норберт Хофер освои 35 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Александер ван дер Белен, независен кандидат со поддршка на Зелените, освои 21 проценти.
Двајцата лесно ги победија кандидатите на Социјалдемократската и на Народната партија, кои доминираат на австриската политичка сцена по Втората светска војна.
Тоа предизвика потрес меѓу владејачките социјалдемократи, па канцеларот Вернер Фајман беше принуден да поднесе оставка, а го наследи Кристијан Керн.
Претседателот на Австрија има церемонијална улога, но теоретски може да ја распушти Владата и да предизвика политичка криза во земјата. Тој исто така е врховен командант на австриските Вооружени сили.
- Австрија е еден чекор од тоа да стане прва земја членка на Европска унија во која претседател ќе биде припадник на екстремната десница, што е последица на се поголемото незадоволство од политичкиот естаблишмент и мигрантската криза, објави претходно весникот „Њујорк тајмс“.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
