Втор координативен донаторски состанок за штетите од невремето

Во Секретаријатот за европски прашања денеска се одржа вториот координативен донаторски состанок, поврзан со катастрофалните поплави кои се случија на 6-ти овој месец.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, го водел состанокот, а учествувале и Питер Глерим, тим лидер на експертите кои пристигнаа во Република Македонија преку Европскиот механизам за цивилна заштита и Луиза Винтон, постојан координатор на ООН и на УНДП во Македонија.
Вицепремиерот Адеми истакнал дека целта на овој состанок е да се добие појасна слика за целокупната донаторската поддршка која до овој момент е обезбедена од страна на билатералните партнери, за која првично се разговараше на минатонеделниот состанок. Глерим информирал за улогата и поддршката која ја обезбедува Механизмот за цивилна заштита, за координацијата на помошта која веќе е добиена и помошта која дополнително ќе пристигне, а ги презентирал и советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и проблемите со канализацијата, како и начините на кои тие ќе се решаваат и ќе се санираат настанатите штети.
Како што соопшти денеска кабинетот на вицепремиерот Адеми, тој им се заблагодарил на сите донатори за нивната подршка и ги охрабрил редовно да ја пријавуваат помошта која ја донираат, со цел да се добие посеопфатен преглед за доанациите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
-

Најмногу врнежи во Маврови Анови, на Попова Шапка 43 сантиметри снег
-

Силна бура во Газа уништи илјадници шатори на раселените семејства
-

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249
-

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
-

Лажно се претставил како лекар и измамил 67-годишна жена за 12.400 евра.
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
