Фудбал
3. February 2016 - 8:39

Втор гол за Ел Шарави по доаѓањето во Рома

 
 
Рома ја постигна втората победа по ред по доаѓањето на Стефан Ел Шарави кој реализира на синоќешниот дуел против Сасуоло, што е втор негов погодок на вториот натпревар во дресот на „волчицата“.
 
Ова беше првиот дуел од 23.коло во Серија А на кој Рома победи со 2:0.
 
Останатите девет средби од оваа рунда се играат вечер:
Фросиноне – Болоња,
Верона – Аталанта,
Фиорентина – Карпи,
Интер – Киево,
Јувентус – Џенова,
Палермо – Милан,
Лацио – Наполи,
Сампдорија – Торино и 
Емполи – Удинезе.
 
Табела: Наполи 50 бодови, Јувентус 48, Фиорентина 42, Рома 41, Интер 41, Милан 36,...