Втор ден Викенд без ДДВ, за враќање на данокот, фискалните треба да се скенираат во рок од три дена
Викендот без ДДВ, мерката од четвртиот пакет антикризни мерки влезе во вториот ден. Граѓаните за прометот што ќе го направат во овие три дена од продолжениот викенд за домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема ќе добијат целосен поврат на платениот ДДВ.
Од Управата за јавни приходи преку соопштение ги информираа корисниците на апликацијата МојДДВ, дека за фискалните сметки издадени во трите дена од Викендот без ДДВ, за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема, со нивното скенирање во рок од три дена од издавањето, ќе може да го вратат целосниот износ на пресметаниот ДДВ за тие производи во фискалните сметки,
-За враќање на целиот износ на данокот, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од три дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по истекот на овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како досега, односно ќе се пресметува со 20 отсто од платениот ДДВ во фискалната сметка исто така и надминатиот износ од вкупниот промет ќе се пресметува согласно редовната пресметка односно 20 отсто, појаснуваат од УЈП.
Враќањето на целосниот износ на ДДВ ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки, додаваат од Управата за јавни приходи.
Целта на оваа мерка, која претставува и почеток на реализација на четвртиот пакет антикризни мерки вредни 470 милиони евра, е да им се даде можност на граѓаните да извршат целосен поврат на данокот на додадена вредност за прометот реализиран преку фискални сметки кои ќе бидат издадени за периодот 10, 11 и 12 октомври.
Највисокиот износ за кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет регистриран во сите фискални сметки кои се издадени во овие денови. За прометот над 30.000 денари ќе важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.
Проценките се дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги, како и заради зголемена дигитализација на нашето општество.
Засега околу 350 000 граѓани можат да ја користат оваа мерка. Тоа е бројката на регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки, но според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, таа бројка очекуваат да се зголеми на 400 000 граѓани.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка