Бизнис
16. November 2021 - 16:58

Втор ден расправа за Буџетот

Многу повеќе пари за договорни услуги, за мебел, за автомобили, за привремени вработувања. Опозицијата смета дека буџетот за идната година содржи ставки кои нема да донесат развој. А парите за капитаолни прокети иако се проњектирани на 615 милиони евра пак ќе останат неискористени.

Министерот Бесими се согалсува дека прокецијата за капиталните инвестиции е амбициозна, но вели проектите може да се реализираат ако има политички консензус.

И експертската јавност е скептична кога станува збор за проекцијата на капиталните расходи за догодина. Во анализата на Фајнанс тинк стои дека во услови на пандемија и  енергетска криза токму оваа ставка ќе биде скратена при првиот ребаланс.

„При секој ребаланс во минатото таа ставка беше „прва на удар“ и значајно се кратеше. Ставките со помали износи, купувањето возила и стратешки стоки и други резерви, бележат двократно и трократно зголемување. Оттука, вака дефинираната структура на капитални инвестиции укажува на развојност на буџетот, но со оглед на неизвесноста очекуваме значајно надолно корегирање на „развојните“ ставки со првиот ребаланс“, се наведува во анализата.

Буџетот за идната година се очекува да биде донесен на почетокот на декември. Власта во моментов нема мнозинство за негово донесување, опозицијата пак најавува дека ќе го поддржи ако бидат прфатени амандманите кои треб ада ја подобрат неговата структура. Поднесени се над 220 амандмани