Втор ден од посетата на Путин на Грција
Рускиот претседател Владимир Путин, кој од вчера е во официјална посета на Грција, денеска заминува за Солун, каде ќе го пречека грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, рускиот лидер потоа заедно во грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ќе ја посети Света Гора каде ќе присуствуваат на прослава по повод одбележувањето на 1.000 години присуство на руските монаси во православната монашка заедница.
Рускиот претседател ќе си замине од Грција вечерва со специјален лет од солунскиот аеродром „Македонија“.
Путин вчера во Атина се сретна со Павлопулос, со грчкиот премиер Алексис Ципрас, додека лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотикис го посетил во неговиот хотел доцна синоќа.
- Среќен сум што лично се среќаваме, му рекол Путин на Мицотакис, изразувјќи надеж дека „рускиот интерес ќе најде одговор и од другите парламентарни партии“.
Мицотакис му се се заблагодарил на Путин и му кажал дека постои двопартиски договор за понатамошно зајакнување на односите меѓу Грција и Русија. Тој исто така, истакнал дека Нова демократија, додека беше на власт од 2004 до 2009 година, направила значителни напори за унапредување на односите меѓу двете земји.
Русија и Грција вчера потпишаа повеќе договори за соработка. Покрај политичката декларација за грчко-руски дијалог за меѓународни и регионални прашања од заеднички интерест, двете делегации исто така потпишаа договори за соработка меѓу министерствата за наука, технологија, туризам и метеорологија. Договори за соработка беа потпишани и меѓу „Ентерпрајс Грис“ и „Инвест ин Русија“, „Хеленик Петролеум“ и „Роснефт“, Универзитетот „Пиреја“ и Универзитетот „Урал“, и меѓу грчкиот Центар за обновливи извори на енергија и Рускиот институт за енергетика.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска