Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати
Владина делегација, предвидена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска ја продолжува официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Мицкоски, вчера, на првиот ден од посетата, се сретна со претседателот на ОАЕ и владетел на Емиратот Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан и како што изјави била истакната потребата од многу поблиски и поплодни односи.
- Од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада, но истовремено, го поканив Неговото височество, претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството и така натаму - нешто што, убеден сум дека може да претставува солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка, изјави премиерот Мицкоски.
Како што најави владината прес-служба, владиниот тим ќе престојува во ОАЕ до четврток, а предвидени се средби и со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ, со претставници на развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, и на неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија.
Во состав на делегацијата се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции.
Ново на Сител
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ