Втор ден од посетата на министерот Муртезани на Брисел
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Стефано Санино и со генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Покрај со нив, според најавата, Муртезани ќе се сретне и со постојаниот претставник на Унгарија во ЕУ, амбасадорот Балинт Одор, чија земја е актуелен претседавач со Унијата и со претседавачот на Комитетот за правни работи (ЈУРИ) на Европскиот парламент, европратеникот Илхан Ќучук, кој во претходниот парламентарен состав беше известувач на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) за земјава. Вчера, на првиот ден од посетата на Брисел, Муртезани се сретна со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, со директорката за Западен Балкан во ГД НЕАР, Валентина Суперти и со раководителката на Одделот за Албанија и Северна Македонија при ГД НЕАР, Сигрит Бретел со кои разговараше за тековниот евроинтегративен процес на земјата, чекорите што претстојат за понатамошен напредок, како и имплементацијата на Планот за раст за Западниот Балкан на Европската комисија и поврзаната со него Реформска агенда.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица