Врнежливо и студено време
Претежно облачно време ќе преовладува и денеска во земјава. Ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а на планините ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12, а максималната од 9 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.
Облачното и студено време ќе продолжи и следните денови. Ќе има и повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и некаде ќе наврнат до 20 л/м2 за 24 часа, а на места ќе бидат со пороен карактер и проследени со засилен ветер. Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
