Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури
Врнежите од дожд и снег на повисоките места што деновиве ја зафатија земјава, се од големо значење за земјоделските култури.
Како што велат агрометеоролозите од УХМР, побарувањата од вода се големи, влагата е потребна за пролетна подготовка на почвата за садење одредени култури, како и за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој.
Ниските утрински температури беа во границите на издржливост за културите. -Ова е период кога почнува садењето на ранoградинарските култури.
Тука спаѓаат некои листостеблени, коренови и лукови зеленчукови култури, а поголем дел од нив се отпорни на ниски температури.
Раниот компир се сади по можност кога температурата на почвата на длабочина 10 сантиметри е околу 7-8 степени. Морковот е доста отпорен на ниски температури.
Семето рти на 3-4 степени, младите растенија издржуваат мраз и температура до -4 степени. Повеќето се одгледуваат во пластеници и тунели.
Исто и спанаќот е студоотпорно растение, добро вкоренети растенија издржуваат -10 степени, објаснуваат агрометеоролозите.
Според нив, ако почвените услови дозволуваат, земјоделските производители треба да продолжат со грижа за посевите, со подготовка на почвата за рано пролетно садење на некои градинарски култури, со внесување на потребните ѓубрива, како и со примена на сите потребни земјоделски активности и агротехнички мерки.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат