Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
Американскиот Врховен суд ѝ одобри на администрацијата на Доналд Трамп да спроведе забрана за трансродови лица да служат во војска, една од низата мерки на републиканскиот претседател со кои се ограничуваат правата на трансродовите лица.
Во одлука која би можела да доведе до отпуштање на илјадници припадници на воениот персонал, судот го одобри барањето на Министерството за правда да укине наредба на федерален судија која го блокираше спроведувањето на забраната на Трамп трансродовите лица да служат војска додека трае судската постапка.
Окружниот судија од Сиетл, Бенџамин Сетл, оцени дека одлуката на Трамп го крши петтиот амандман на уставот кој ја гарантира еднаквоста на сите пред законот.
Трамп, по враќањето во Белата куќа во јануари, потпиша извршна уредба со која ја поништи политиката на неговиот демократски претходник Џо Бајден, која им овозможуваше на трансродовите војници да служат во американските вооружени сили.
Во својата уредба, Трамп наведе дека „идентитетот на трансродовите лица е лажен и дека тие не ги задоволуваат стандардите потребни за служба во војската“.
„Тврдењето на маж дека е жена, неговото барање другите да го почитуваат тоа лажно тврдење, не е во согласност со скромноста и несебичноста што се бараат од војник“, пишува во уредбата.
Трамп ги таргетираше правата на трансродовите лица во низа извршни уредби, вклучително и онаа со која американската влада признава два пола, машки и женски, кои „не се променливи“.
Трамп, исто така, донесе уредби со кои се укинува федералното финансирање за промена на пол на млади лица и им се забранува на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор