Свет
10. February 2016 - 8:35

Врховниот суд на САД го блокираше т.н. План за чиста енергија

Врховниот суд на САД блокираше синоќа федерален декрет на претседателот Барак Обама за ограничување на емисиите на штетни гасови од термоелектрани. Таа одлука на Белата куќа беше клучен елемент во стратегијата за борба со климатските промени.

Со пет спрема четири гласови судиите ја уважија жалбата на 27 државни влади и различни компании и бизнис групи и го запреа дејството на т.н. План за чиста енергија.

Одлуката на Судот означува дека декретот за ограничување на емисиите на штетни гасови нема да влезе во сила додека трае судска процедура за проверка на неговата законитост.