-->
-->
Врховниот суд ги одби жалбите на осудените за Тенк
-->

Преку писмено соопштение Врховниот суд информира дека се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените во предметот Тенк, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски и ја потврди правосилната пресуда за предметот донесена од страна на Апелацискиот суд.
Второстепениот суд претходно ја потврди 2 годишната затворска казна за екс премиерот Никола Груевски за набавка на луксузниот мерцедес, додека на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска казната и беше намалена од 6 на 4 години затвор. Апелација му ја намали затворската казна и на поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски од 6 ипол на 4 години.
Деспина Тодоровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
