Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
Врховниот суд ја укинал пресудата на скопска Апелација со која Васил Јованов беше осуден на три години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици.
Одлуката ја донел Советот за казниви дела при Вроховниот суд една недела пред вчерашната пресуда со која младиот Јованов беше осуден на 12 години затвор за сообраќајката во која смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин во Скопје.
Врховниот суд, како што се наведува на седница одржана на 7 мај го уважил барањето на Васил Јованов за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за поседување и продажба на дрога, што тој го поднел преку адвокат.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 07.05.2025 година, донесе пресуда КВП2-43/25, со која го уважи барањето на осудениот В.Ј. од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено преку бранителот Панче Нефтенов, адвокат од Скопје, ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-1047/24 од 05.02.2025 година и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување“, се наведува во соопштението на Врховен, објавено на веб-страницата на Судот.
Инаку, пресудата за ова кривично дело Основниот кривичен суд Скопје го зеде како отежнителна околност при донесуавњето на пресудата и одмерувањето на висината на казната што вчера му ја изрече на Јованов за сообраќајката во која ја прегази Фросина Кулакова.
Сепак, за време на рочиштето вчера, воопшто не беше споменато дека пресудата за претходното кривично дело на Јованов е укината и вратена на повторно одлучување во второстепениот суд.
Сега, покрај за предметот за поседување и продажба на дрога, Апелација се очекува да одлучува и за вчерашната пресуда за сообраќајката бидејќи одбраната најави жалба поради висината на казната.
Ново на Сител
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините