Македонија
18. јуни 2016 - 7:50

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен  ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 34 до 41 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура до 19, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.  Во недела попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност.