Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде што на планините врнежите ќе бидат и од снег. Ќе дува ветер од северен правец, долж Повардарието повремено и засилен.
Утринската температура ќе се движи од пет до осум, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје облачно со повремен дожд со послаб интензитет.
Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во петок ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од шест до 14 степени.
Од сабота се очекува стабилно време. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти и под нулата, а дневната ќе бележи постепен пораст.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции
-
Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема
-
Спелеолошки истражувања во изворите во Црна Река