Македонија
8. January 2016 - 19:14

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повеќе облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува и слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен етер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време повремено со локален дожд и со услови за магла по котлините. До вторник ќе се задржи релативно топло. Во вторник ќе дува повремено засилен ветер од југозападен правец, а од среда се очекува спуштање на дневните температури.