Македонија
27. August 2015 - 8:23

Времето ќе биде сончево и топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаба облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Во охридско-преспанскиот регион времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, повеќе во попладневните часови со слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе достигне до 31 степен.

Во дојранскиот регион времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата на воздухот ќе достигне до 34 степени.

Следува период на стабилно, суво и топло време со постепен пораст на дневната температура.