Времето денеска ќе биде сончево со променлива облачност
Времето денеска сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од нула до девет, а максималната од 11 до 16 степени.
Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде еден, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Од утре ќе биде свежо со пониски утрински температури, кои во вторник на некои места ќе се спуштат на некој степен под нулата. Наутро на места во котлините ќе има услови за појава на магла.
До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се зголемат.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
