Македонија
8. May 2020 - 8:41

Времето денес сончево

Времето денеска ќе биде сончево со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.