Времето денес облачно со повремен дожд, температурата до 22 степени
Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локала појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 16 до 22 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд, кој повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 7, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час). Дневните температури позначително ќе опаднат, особено во северните делови. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневните температури.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
