Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, наместа краткотраен пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 а максималната од 26 до 35 степени. УВ-индексот со вредност 7.
Според најавата на УХМР, променливо облачно со сончеви периоди ќе биде и во Скопје, со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Од утре ќе следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утре и во четврток ќе дува засилен ветер од северен правец.
Ново на Сител
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос