Македонија
22. September 2015 - 8:31

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи особено во источните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со  слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Во среда времето ќе биде малку потопло со подолги сончеви периоди, а во четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи.