Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најпрвин врнежите ќе започнат во северозападните делови од земјата, а во текот на денот ќе се прошируваат кон исток. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон понеделник, особено во југоисточните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 22 степена.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Дневните температури благо ќе опаднат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
