Македонија
11. September 2015 - 8:24

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд позастапен во јужните и источните делови. Ќе дува и слаб променлив ветер на југот со услови за појава на ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од  12 до 17, а дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на слаб повремен дожд и со слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура. Минималната температура во наредните денови ќе биде во опаѓање, најсвежо ќе биде во недела и понеделник наутро.