Времето денес ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а долж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Претежно претпладне и особено во северните и централните делови од земјава повремено ќе провејува слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Според прогнозата на УХМР, до недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Утринските температури ќе бидат особено ниски и на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, најниски ќе бидат за време на викендот. Постепен пораст на температурите ќе почне од понеделник.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-

Од утре дожд, снег и ветер
-

Македонците во Брисел го чествуваа Божик
