Временска за викендот: Нема спас од дождот, доаѓа и снег
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд, претежно со слаб интензитет. Пооблачно ќе биде во западните делови од земјата каде што ќе биде и нешто поврнежливо, меѓутоа не се очекуваат големи количини на воден талог. На повисоките планини во западните делови ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умрен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Нови врнежи од дожд се очекуваат од утре попладне до сабота во пладневните часови кога повторно повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјата каде што на повисоките планини повторно ќе има врнежи од снег.
Во сабота се очекува и засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени.
Од недела ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите