Македонија
18. April 2017 - 17:56

Времен сообраќај на делницата Кичево - Охрид

На магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид на делот од Пресека до Песочани од денеска  од 16 часот режимот на сообраќај ќе се одвива со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента.

Како што информира Илинден А.Д. Струга, времената измена на режим на сообраќај ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека - Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.