Времен режим за четири автобуски стојалишта во Скопје
Времен режим за четири автобуски стојалишта најавува за утре Град Скопје поради изведување градежни работи од страна на „ГЕИНГ Кребс унд кифер“.
Според соопштението од Град Скопје, од 8 до 10:30 часот нема да се користи автобуското стојалиште на бул.„Кочо Рацин“ пред Олимписки базен „Југодрво“ во правец од Црвен Крст кон Комплекс банки, а од 11 до 13 часот стојалиштето на бул. „Партизански Одреди“ кај Соборен Храм во правец од Општина Центар кон Општина Карпош.
Автобуското стојалиште на бул. „Партизански Одреди“ пред Архив на Град Скопје во правец од Општина Карпош кон Општина Центар нема да се користи од 13:30 до 15 часот, а стојалиштето на бул. „Партизански Одреди“ пред Порта Буњаковец во правец од Општина Карпош кон Општина Центар од 15 до 17:30 часот.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи