Македонија
28. March 2018 - 9:28

Времен прекин на струја во делови од скопски општини

 Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без струја утре од 10 до 14 часот ќе бидат корисници од дел од ул.„Боца Иванова“ во општина Бутел,  а од 8:45 до 10:45 часот корисници од бул. „Видое Смилевски Бато“ бр. 41 и околните објекти, како и од бул. АСНОМ бр. 38 и 42 со околните објекти во општина Аеродром.
 
Прекин во електричната енергија утре од 12:45 до 14:45 часот ќе има и за корисниците од ул. „Тодор Чангов“ кај подулиците 41, 47, 49, 51, 53, 55 и други во непосредна близина во општина Аеродром, од 14:30 до 18:00 часот корисниците од ул. „Христо Татарчев“ кај новиот кружен тек и подулиците 1, 3, 5, 7, 9 и 11 во општина Кисела Вода, а  од  девет до 13 часот корисниците од дел од село Кондово во општина Сарај, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.