Вреќи со марули пливаат по Црна Река кај Возарци
Вреќи со марули пливаат по Црна Река кај Возарци. Жителите реагираат дека несовесни поединци меѓу нив, постојано ја загадуваат животната средина.
-Ова ѓубре е израз на нечија некултура и простотилак. Најверојатно некој не ги продал марулите, па ги фрлил во реката. Близу селото е, кај месноста што ја викаме стариот мост, вели Благој Ангеловски од Возарци.
Според Доне Илов, овластен инспектор за животна средина при општина Кавадарци, комунални работници и екологисти континуирано работат на терен за заштита за животната средина, но несовесноста на поединци си го прави своето.
Претседателот на месната заедница Возарци, Зоран Силјанов исто така потврдува дека иако постојано се чисти на терен, несовесни лица повторно ја загадуваат околината. Најмногу фрлаат во реката и во месноста „Пашова стена” над стариот железен мост.
-Тоа што фрлаат до самиот пат до Тиквешко Езеро кое е во близина на околу 150 метри, јасно говори за каква несовесност станува збор. Иако имаме ставено и табли да не се фрла ѓубре, непромислените сепак оставаат отпад, кој ги пречекува и испраќа туристите кои го посетуваат езерото, дециден е Силјанов.
Ново на Сител
-
Прилепчанец приведен за тешка кражба
-
Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило
-
Загина 27-годишен мотоциклист по сообраќајка на патот Охрид - Св. Наум
-
Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната
-
Уапсен малолетник во Аеродром, се шетал со боксирач
-
Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
-
Калас: Русија не е заинтересирана за мир
-
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата